1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД и Канада се договорија за новото издание на НАФТА

СН/ агенции
1 октомври 2018

Сега е и официјално. Кратко пред истекот на рокот, САД и Канада постигнаа согласност за рамковните услови за спасување на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА). Новиот договор има и ново име - УСМКА.

https://p.dw.com/p/35nKA
Containerhafen von Vancouver, Kanada
Фотографија: picture alliance/imageBROKER

САД, Канада и Мексико постигнаа договор за слободна трговија во Америка, се наведува во заедничкото соопштение на САД и Канада. Договорот САД-Канада-Мексико (УСМКА), кој е постигнат во неделата вечер, ќе го замени договорот од 1994 година.

„УСМКА на наште работници, земјоделци, одгледувачи и претприемачи ќе им пружи квалитетен трговски договор кој ќе обезбеди слободни пазари, поправедна трговија и солиден економски раст во нашиот регион“, се наведува во соопштението.

Договорот е постигнат само 90 минути пред истекот на рокот кој го наметнаа САД на Канада да се придружи кон договорот кој претходно го постигнаа Мексико и Вашингтон.

Повеќе на темата:

-Согласност за нов трговски договор меѓу САД и Мексико

-Трамп - спасител на слободната трговија?

-Трамп и Трудо - сложни соседи

Symbolbild Nafta Freihandelsabkommen USA Kanada Mexiko
Фотографија: Reuters/E. Garrido

Договорот им овозможува на американските фармери поголем пристап до канадскиот пазар на млеко, но и го задржува процесот на решавање на споровите кои САД сакаат да ги отфрлат и ѝ нуди заштита на Канада ако Трамп продолжи со плановите за наметнување на царини за автомобили, камиони и автомобилски делови увезени во САД.

„Ова е добар ден за Канада“, изјави кусо канадскиот премиер Џастин Трудо.

Мексиканскиот преговарач Хесус Сеаде на Твитер напиша дека Мексико е задоволно од трилатералниот договор.