1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија сака нов почеток со САД

ЕМФ/дпа/ртр28 септември 2014

Русија е подготвена на нов почеток во односите со САД, тврди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

https://p.dw.com/p/1DMMF
Фотографија: Jure Makovec/AFP/Getty Images

„Неопходно е да се направи она што Американците го нарекуваат ’ресет’“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров зборувајќи за односите со САД во интервју за руската телевизија Канал 5.

Русија е за нормализација на односите, вели Лавров, кој додава дека е можеби можен „Нов почеток 2.0“. Тој сепак оценува дека не била Русија таа која ги „уништи односите“. Русија, според Лавров, не е заинтересирана за продолжување на „војната со санкции“ со Западот. Актуелната американска влада, тврди Лавров, е таа која ја уништува соработката на Москва и Вашингтон. Важни проекти во борбата против тероризмот и борбата против дрогите се замрзнати, нагласи првиот руски дипломат, кој се жали и дека Русија во предизборната борба во САД често се претставува како непријател. Американското раководство се надева дека ќе улови нови гласови на изборите за Конгресот ако употребува остар јазик, пред се‘ во делот на надворешната политика, тврди Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи во интервјуто околу ситуацијата во Украина вели дека благодарение на иницијативата на рускиот претседател Путин состојбата се подобрила.