1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија ѝ контрира на ЕУ

Јенс Јенсен
30 април 2021

Односите помеѓу Москва и Брисел се многу напрегнати. Случајот Навални го заостри тонот уште повеќе. Сега од Русија доаѓа нов одговор.

https://p.dw.com/p/3soh0
Symbolbild Russland EU
Фотографија: picture-alliance/chromorange

Москва реагира на забраните за влез во ЕУ со забрана за влез во Русија. Меѓу лицата од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија се претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, вицепретседателката на Европската комисија, Вера Јурова и берлинскиот обвинител Јерг Раупах, соопшти рускoто Министерство за надворешни работи.

ЕУ претходно донесе санкции поради руските постапки кон критичарот на Кремљ, Алексеј Навални. Унијата пред неколку недели донесе одлука за казнени меркипротив високи руски функционери. Русија ја критикуваше таа постапка и го обвини Брисел за антируска хистерија. Сите предлози од Москва за решавање на проблемите помеѓу Русија и ЕУ „консеквентно се игнорираат и отфрлаат“, се тврди од руска страна. Според официјална Москва, целта била „да се спречи развојот на Русија по секоја цена“.

Опозиционерот Навални на почетокот на февруари во Москва беше осуден на две и пол години казнен логор. Тој, како што се тврди, повеќепати ја прекршил условната казна од 2014 година. ЕУ смета дека казната е недозволива, меѓу другото и поради тоа што Навални по нападот со нервен отров новичок мораше да биде лекуван во Германија повеќе месеци. Поради нападот врз Навални извршен на 20 август 2020 година, ЕУ минатата година веќе донесе забрани за влез и замрзнување на имот на лица од опкружувањето на рускиот претседател Владимир Путин. Во Брисел се смета дека зад атентатот стојат државни функционери во Русија. Москва тоа постојано го отфрла и повторува дека нема да толерира мешање во руските внатрешни работи.