1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рохани не ја прифаќа оставката на Зариф

ЕМФ /агенции
26 февруари 2019

Иранскиот претседател Хасан Рохани не прифаќа оставка на министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф. Претходно, мнозинството парламентарци со писмо побараа од Рохани останување на Зариф на функцијата.

https://p.dw.com/p/3E6Lh
Hassan Rohani Mohammad Javad Zarif Iran
Мохамад Џавад Зариф (л.) со иранскиот претседател Хаса РоханиФотографија: Irna

Од кабинетот на иранскиот претседател денеска е потврдено дека министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф поднесол оставка, но истоврмено се потенцира дека претседателот Хасан Рохани нема да ја прифати оставката. Зариф досега бравурозно си ја врши работата и тоа ќе го прави и во иднина, соопштено е од претседателскиот кабинет. Сепак, последниот збор, традиционално, го има духовниот лдиер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Претходно, мнозинството ирански пратеници во писмо до претседателот Рохани побарале Зариф да остане министер за надворешни работи. Зариф своето повлекување го најави на верифициран профил на Инстаграм. „Се извинувам за сите мои недостатоци во изминатите години како министер за надворешни работи“, напиша Зариф. Тој истовремено им се заблагодари на Иранците и на „признатите лидери“ за нивната поддршка.

Во интервју за весникот „Џомхури Еслами“ Зариф алудира дека можеби потклекнал на притисокот на хардлајнерите. Иранската надворешна политика страда од „убиствениот отров“ на борбите помеѓу партиите и групациите, изјави тој.

Повеќе:

Дали американските санкции ќе го „нокаутираат“ Иран?

Иран: Револуцијата што се претвори во кошмар

Доколку Зариф си замине од функцијата, тоа би ја ослабнало дополнително позицијата на прагматичарот Рохани, кој е исто така под сѐ поголем притисок на хардлајнерите.

Мохамад Џавад Зариф е министер за надворешни работи од 2013 година. Тој играше важна улога при договарањето на меѓународниот Атомски договор во 2015 година. Тој договор би требало да го спречи Иран да развие нуклеарно оружје.