1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Роналдо го продолжи предвреме договорот со Реал

ЕМФ/сид/дв15 септември 2013

Супер ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, го продолжи предвреме договорот со клубот, потврдено е денеска (15.09) во Мадрид.

https://p.dw.com/p/19hlp
Фотографија: Getty Images

Кристијано Роналдо имаше договор со Реал Мадрид до 2015 година. Според спортскиот дневен весник „Марка“, 28-годишниот Португалец сега потпишал договор за уште три години, односно до јуни 2018-та. Со тоа Роналдо станува најдобро платениот фудбалер во шпанскиот фудбал. Во секоја од петте наредни сезони Роналдо наводно ќе добива по 17 милиони евра, односно еден милион повеќе од досегашниот рекордер во примања - Лионел Меси од Барселона.

На почетокот на месецов шпанскиот гигант Реал Мадрид му плати 100 милиони евра на Тотенхем за трансферот на Герет Бејл. Според шпанските медиуми, Бејл годишно ќе заработува 10 милиони евра.