1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Потребни се санкции против Белорусија кои навистина ќе болат

Миодраг Шориќ
24 мај 2021

Водечки политичари во светот се возбудуваат поради принудното слетување и апсењето на Роман Протасевич. Но, кога конечно ќе се воведат санкции кои навистина ќе болат, прашува Миодраг Шориќ.

https://p.dw.com/p/3tqtW
Polen Danzig 2020 | Roman Protasevich, Blogger
Фотографија: Michal Fludra/NurPhoto/picture alliance

Сега се потребни дела, не зборови! Врвот на ЕУ, генералниот секретар на НАТО, американски политичари - сите се огорчени поради киднапирањето на белорускиот блогер Роман Протасевич. Тие може да вртат со главата или својата лутина да ја изразат во твит, но такви нешта воопшто не им оставаат впечаток на диктатори како Лукашенко или Путин. Тие редовно пробуваат до каде може да одат со прогон на неистомисленици и невини пред Западот да преземе мерки. Лукашенко киднапираше ирски авион, даде наредба за полетување на борбени МИГ-авиони, го загрози животот на околу 170 патници за да уапси критичар на режимот. Што уште треба да се случи за ЕУ, а со тоа и Западот, конечно да преземе решителни мерки? Лукашенко може само да се смее на досегашните „санкциички“, како што е ембаргото за оружје донесено од страна на Брисел. Како Минск да е упатен да купува оружје од Франција или Англија! Забраните за патување на неколку десетици претставници на власта исто така малку го погаѓаат режимот - наместо одмор на Мајорка, тие одат на Крим. Не, овојпат Западот мора да донесесанкциикои навистина ќе болат.

Soric Miodrag Kommentarbild App
Миодраг Шориќ

Тие мора да го погодат Минск и да ја натераат Москва на размислување. Зашто, едно е јасно: Лукашенко си се има обезбедено кај Кремљ за оваа криминална акција. Без поддршка на Путин не би се осмелил на такво нешто. Режимот на Лукашенко одамна ќе пропаднеше ако немаше воена, економска и политичка помош од Москва. Клучот за излегување на Протасевич и други затворени опизиционери се наоѓа во рацете на Москва. Врвот на ЕУ би требало да го има тоа на ум кога ќе се собере во Брисел во врска со тоа како да се реагира.

Киднапирањето на авионот му покажува на Бајден јасно како Москва навистина размислува. Тој, како што најави по последната средба на американскиот и рускиот министер за надворешни работи, може да стреми кон „стабилни и предвидливи односи“ со Кремљ, но тоа ќе остане само пуста желба сѐ додека Путин останува на курс на конфронтација. Авантурата на Лукашенко ја оптоварува предвидената средба на Бајден и Путин. Би било можеби поискрено ако овој самит се откаже сега, или ако се одлага сѐ додека рускиот режим навистина не биде заинтересиран за подобри односи со Западот. Добро би дошла веродостојна западна надворешна политика по годните на хаос во мандатот на Трамп.

Во меѓувреме Западот може да направи многу за на владетелите во Минск и Москва да им покаже дека треба да платат за киднапирањето или убиствата на политичките противници. Пред сѐ тогаш, кога притоа се загрозува животот на западни државјани. Брисел би требало да ги отфрли хистеричните воени восклици на медиуми под државна контрола на Истокот како нешто што тие се - форма на одземање на вниманието и закана. Конечно, тоа е признание на слабост на овој режим, кој пред сѐ стравува од сопствениот народ.

Западот го има правото на своја страна. Тој е посилен - економски, воено и политички. Крајно време е и да ја искористи таа сила.