1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рикер ги осуди инцидентите во Македонија

10 март 2012

Оние кои напаѓаат деца, ученици, навистина се најголеми кукавици, изјави заменик-помошникот државен секретар Филип Рикер на брифинг во Центарот за странски новинари во Вашингтон.

https://p.dw.com/p/14IeN
Филип Рикер со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во Македонија во 2010-та година (архива)Фотографија: Svetislav Toevski

„Ги повикуваме сите страни да останат смирени. Треба да се постапи согласно законот, властите да ги утврдат фактите што се случило и да се спроведе законскиот процес“, рече поранешниот амбасадор на САД во Македонија на прашањето за последните инциденти во Македонија што ја зголемија меѓуетничката напнатост, а пренесува Гласот на Америка на македонски.

Рикер на брифингот за ситуацијата во регионот резимираше дека Балканот и натаму е приоритет за американската влада, а патот до стабилност и просперитет е преку евроатлантската интеграција.

Запрашан, пак, дали САД и другите НАТО-сојузници би извршиле притисок врз Грција да се согласи на прием на Македонија под референтното име, така што земјата уште на самитот во Чикаго би влегла во Алијансата, Рикер со став дека името треба да се реши.

„Особено сакаме Македонија да стане целосно членка на НАТО и во тој однос, ние, а мислам и сите сојузници, би сакале што е можно поскоро да се реши прашањето за името со Грција“, рече Рикер.

Вишиот дипломат на Стејт департментот ја пофали неодамнешната средба на премиерите на Грција и Македонија, побара натамошни средби и дијалог со посредство на ОН, рече дека Вашингтон веќе подолго време смета дека решението е можно и заклучи дека тоа ќе биде од интерес не само на луѓето од двете земји, туку и на целиот регион.

Автор: ЖА/ЕМФ/миа

Редактор: Е. М. Фиданоска