1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Рејтингот на Шпанија намален за уште еден степен

14 октомври 2011

Меѓународната рејтинг агенција Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на Шпанија на „АА-“. Притисокот за брзо наоѓање решение за должничката криза со тоа е зголемен.

https://p.dw.com/p/12rie
Фотографија: picture-alliance/dpa

Рејтинг аганцијата Стандард и Пурс повторно ја намали кредитната способност на Шпанија. Бонитетот на шпанските државни обврзници е намален за еден степен, соопшти агенцијата во Вашингтон. Агенцијата го образложи решението со несигурната перспектива за економскиот раст на земјата и веројатното продолжување на влошувањето на шпанскиот финансиски систем. Одлуката се темели на високата невработеност, тешката финансиска состојба и високата задолженост на приватниот сектор, соопшти агенцијата. Освен ова, перспективите за пораст на четвртата по големина економија во еврозоната се оценуват како неповолни. Со ова се зголемува притисокот врз еврозоната брзо да најде решение за должничката криза.

Автор: АТ/ дв/ миа

Редактор: Е.М.Фиданоска