1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Референдумот неуспешен

16 декември 2011

Изјаснувањето на членовите на германската Партија на слободните демократи (ФДП) против европскиот „чадор“ за спас на еврото, според зборовите на претседателот на партијата, Филип Реслер, е неуспешно.

https://p.dw.com/p/13UHk
Лидерот на Либералите, Филп Реслер задоволен од исходотФотографија: dapd

Лидерот на либералите Филип Реслер кој воедно е и потпретседател на германската влада и министер за економија соопшти дека за малку не е постигнат потребниот минимален број од 21 503 гласови на референдумот. Со тоа раководството на Либералите може да остане на својата поддршка на трајниот фонд за поддршка на еврото, ЕСМ. Од оние кои се изјасниле на референдумот, мнозинството од 54,4 проценти дале поддршка на Фондот. Претседателот на Либералите Реслер, воедно министер за финансии, кој поради низата неуспеси на партијата и оставката на нејзиниот генерален секретар се наоѓа под уште позасилен притисок, изјави дека со тоа ФДП останува на јасен проевропски курс.
Иницијаторите на изјаснувањето собрани околу финансискиот политичар Франк Шефлер сакаа да спречат изгласување согласност за европскиот „чадор“ за стабилизирање на еврото, што го загрозуваше курсот на владејачката коалиција на партиите на Унијата и на Либералите. Изјаснувањето важеше и за решавачко за останување на претседателот на партијата Филип Реслер на нејзино чело. Според анкетите. Либералите се на многу ниско ниво, на парламентарните избори не би освоиле ниту четири проценти и со тоа не би го достигнале прагот за влез во Бундестагот.

Автор:ЖА/СН/дпа/дв

Редактор: Симе Недевски