Ребека Брукс е ослободена со кауција
18 јули 2011Реклама
На крајот на октомври, Брукс мора повторно да се јави во полициска станица во Лондон, соопштија властите. Брукс е во центарот на скандалот со прислушување на говорни телефонски сандачиња од страна на вработени во весникот „Њус оф д ворлд“, кој во меѓувреме престана да излегува од печат. Таа порано беше главен уредник на весникот, а беше и десна рака на издавачот Руперт Мардок. Во аферата, во меѓувреме, се вмешани и политичари и други официјални лица. Шефот на Скотланд Јард, Пол Стивенсон, се повлече од функцијата. Скотланд Јард е обвинет дека и покрај тоа што постоеле укажувања за прислушување против „Њус оф д ворлд“, скандалот не бил разоткриен.
Автор: ЕМФ/ЖА/дв
Редактор:Трајче Тосев