1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Реакции: Можност за обединување или празна реторика

15 декември 2011

Пратениците од партиите на власта и на опозицијата диjаметрално спротивно реагираа на денешното (15.12.2011) годишно обраќање на македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Собранието.

https://p.dw.com/p/13TdL
Македонскиот парламентФотографија: Petr Stojanovski

Според пратениците од владејачките партии , важно е што шефот на државата потврдил дека за Македонија нема друга алтернатива од членството во ЕУ и НАТО. Тие сметаат дека пораките на претседателот Иванов се совпаѓаат со чувствата на граѓаните и севкупните стремежи на државата.
„ Според мене, претседателот Иванов е чесен човек и достоен Македонец којшто
ја преставува државата во којашто верува и чијшто успех го посакува. Тоа е
основниот движечки капитал во неговата домашна и меѓународна активност и
сметам дека треба да биде охрабрен да продолжи по истиот пат затоа што
секоја година го зацврстува својот политички профил на човек и политичар
којшто упорно се залага за она што смета дека Република Македонија заслужено
го постигнала“, рече Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Добро е што за разлика од овие коментари во јавноста дека Република
Македонија бара други алтернативи, претседателот Иванов кажа дека нема други алтернативи и дека остануваме на нашите стратешки определби за влез во НАТО и ЕУ“, рече Павле Трајанов од ДС.
„Најважната порака што ја упати е дека Република Македонија во наредната
година посветено и силно ќе се грижи и понатаму да продолжиме со
евроатлантските интеграции, пред се со заложбите да продолжи со сегашната
политика на добрососедски односи, регионална соработка, особено на економски план, посветувајќи силно внимание на капиталните инвестиции коишто не очекуваат, меѓуетничките односи, мултикултурното општество на Република Македонија“, смета В ладанка Авировиќ од СП.

Mazedonischer Präsident Gorge Ivanov und US Vize-Außemninister James Steinberg
Претседателот на РМ, Ѓорге ИвановФотографија: Macedonian Information Agency

За опозицијата Иванов- портпарол на ВМРО-ДПМНЕ


Според опозицијата, Иванов понудил исти пораки како и претходно, кои за нив
се популистички и со лажна цврстина.
„ Очигледно од вилата на Водно не гледа што се случува со Македонија и
граѓаните на Република Македонија. Немаше збор на сиромаштијата,
партизацијата на судството и администрацијата, за притисокот врз медиумите.
Заради изолираноста на Водно тврди дека Македонија слави успеси и победи.
Кои се тие? Рекордната сиромаштија? Невработеноста? Нула инвестиции во
енергетиката?“, праша Јани Макрадули од СДСМ.
„Во говорот на претседателот од пет страници само три реда има за рамковниот
договор. Тоа доволно покажува колку претседателот е посветен за грижата за
правата на Албанците во Република Македонија“, рече Изет Зекири од НДП, чија
партија денеска го бојкотираше говорот на претседателот.
„Ако направиме споредба со претходните две годишни обраќања на претседателот Ѓорге Иванов може да констатираме дека говорот и пораките се исти, само различен е датумот и годината. И овој пат, за жал, претседателот на државата повеќе личеше на гласноговорник на партијата којашто му го обезбеди мандатот отколку како претседател на сите граѓани на Република Македонија“, рече Горан Мисовски од НСДП.

Автор:СБ/БГ/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски