1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Религија

Путин кај папата – трет пат

4 јули 2019

Дали рускиот претседател со повторната посета на Ватикан подготвува пат за посета на Русија на поглаварот на римокатоличката црква? Многу нешта укажуваат на тоа.

https://p.dw.com/p/3LYu8
Vladimir Putin triff den Papst im Vatikan
Фотографија: Getty Images/F. Origlia

Претстојната средба е трета меѓу папата Франциско и Путин. Аргентинецот беше само осум месеци устоличен кога рускиот претседател во ноември 2013 година дојде во официјална посета на Република Италија и Ватикан. Втората посета следеше веќе во јуни 2015.

Три аудиенции кај папата – тоа е речиси невообичаено за еден претседател. Освен за германската канцеларката Ангела Меркел, која често е гостин во Ватикан и иако е протестантка си најде своја сопствена линија на комуникација со поглаварот на католичката црква. Правилото инаку гласи: врвни политичари како германската канцеларка и премиери добиваат по еден личен термин кај папата. Претседатели и до два пати. Ако има трет пат, тогаш може да се зборува за особено изразени интереси на двете страни

Теми како Сирија и Украина

Но што значи тоа во светло на актуелната ситуација во светот? На нивната прва средба двајцата, и претседателот и папата, зборуваа за можна мировна иницијатива во Сирија. Особено беа загрижени за драматичната ситуација на цивилното население и посебно тешката состојба на христијанското малцинство. Франциско е свесен за историски важната улога и влијание на руската православна црква во регионот и уште еднаш ги истакна бројните посети на високи црковни претставници од Москва во изминатите години. Путин од своја страна по средбата во 2013 година, истакна дека Русија и Ватикан сакаат да ја „зајакнат“ соработката на полето на култура, наука, образование и здравство.

Papst Franziskus trifft Vladimir Putin im Vatikan
Фотографија: picture-alliance/abaca

Втората средба следеше речиси една година по почетокот на руската анексија на Крим, што значи се случуваше во една многу тензична ситуација. Средбата траеше 50 минути што е прилично долго за една аудиенција. Украинскиот конфликт беше главна тема. Папата повика на „искрени и сеопфатни напори за мир" – стоеше во соопштението од Ватикан по средбата. Двете страни беа согласни дека мора повторно да се воспостави „клима на дијалог" и дека "сите инволвирани страни" мора да се држат на договорот од Минск. Притоа Папата побара отворање на хуманитарен коридор за да се олесни доставувањето на храна и лекови во регионот на конфликт. Интересен детал беше тоа што Папата му посака добредојде на гостинот на германски јазик.

Папата Франциско стаса речиси до руската граница

Сега следи трета средба. Од црковни кругови се вели дека меѓу темите ќе бидат христијанското присуство на Блискиот исток како и состојбата во Украина. Но еден друг аспект е поинтересен. Веќе подолго време има шпекулации за можна посета на Папата на Москва. До сега тој има стасано само во близина на руската граница, во Грузија и Азербејџан. Но Русија? Ниту еден поглавар на римо-католичка црква до сега не бил во срцето на рускито православие. Уште од времето на Папата Јован Павле II. ова стои на листата пожелни места за папско патување. Католичкиот надбискуп во Москва, италијанецот Паоло Пеци, деновиве на Радио Ватикан зазема став по прашањето за таква посета. Посета на папата во Русија „не е исклучена", но не е ни „нужна”. Во секој случај повторната средба го привлекува вниманието на католичкото малцинство во православната земја.

Љубомора?

Но, пред четири недели веднаш откако се обзнани дека Путин повторно ќе го посети Рим, од руската православна црква стасаа сосема различни сигнали. Посета на Русија од страна на поглаварот на католичката црква "моментално не е на агендата на билатералните односи", изјави шефот за надворешни работи на православната московска патријаршија, митрополитот Хиларион. За швајцарскиот портал cath.ch тој изјави: „Во нашата црква многу владици, попови и верници не се подготвени да го пречекаат."
Тоа можеби звучи изненадувачки, со оглед на тоа дека папата Франциско е првиот римски папа кој по цела вечност, од 1054 година и поделбата на западното и источното римско царство, се сретнал со руско-православен патријарх. Средбата на Папата Франциско и Кирил Први на аеродромот во кубанскиот главен град Хавана во февруари 2016 важи за еден од најголемите екуменски моменти од неговото устоличување.
Има гласини дека Кирил кој инаку го милува Кремљ, е „љубоморен” заради невообичаено големата омиленост на римокатоличкиот поглавар во Русија. На почетокот на 2016 тројца од четворица Руси на анкета се изјаснила за посета на Папата во нивната земја. Секако игра улога и тоа што двајцата поглавари имаат различни погледи на конфликтот во Украина и во однос на автокефалноста на украинската црква. Во август 2017 вториот по редослед во ватиканската хиерархија, државниот секретар на Ватикан и кардинал Пиетро Паолин беше гостин во Москва. Тоа е највисок по ранг претставник на католичката црква кој бил во посета на рускиот главен град од 1999 година. кардиналот се сретна со патријархот Кирил и со Путин. Двајцата сигурно денеска ќе се потсетат на средбата од пред две години. Изненадувања не се исклучени.

Papst Franziskus und der russisch-orthodoxe Patriarch Kirill
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/G. Borgia