1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Птичји грип кај дивите птици ширум Европа

СН/ агенции
10 ноември 2016

Сѐ повеќе земји во Европа пријавуваат случаи на диви птици заразени од опасниот вирус на птичји грип. Последна денеска тоа го направи Хрватска а од Унгарија и Германија се јавува за нови случаи.

https://p.dw.com/p/2STuS
Symbolbild - Vogelgrippe
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Sauer

Хрватскиот министер за земјоделство Томислав Толушиќ денеска изјави дека од птичјиот грип кој е утврден во Вуковарско-сремскиот округ досега умреа десетина лебеди и нагласи оти станува збор за вирус кој не е опасен за луѓето.

„Во општината Церна се пронајдени десетина мртви лебеди. Кај нив е утврден птичји грип, вид кој досега не предизвикувал болест кај луѓето и не е опасен за нив“, им рече министерот на новинарите во Загреб.

Тој додаде дека ситуацијата е под контрола и оти се алармирани останатите членки на ЕУ и хрватската јавност.

Министерството за земјоделство потврди во соопштение дека станува збор за птичји грип со високо патоген подтип Х5Н8 кај дивите лебеди и ги потсети сопствениците на животни на законската обрска да пријават сомнителни болести на ветеринар.

Во меѓувреме од сѐ повеќе европски земји се јавува за заразени мртви диви птици. Во Унгарија и во Германија се забележени нови случаи, додека вирусот е регистриран и во Австрија, Швајцарија и Холандија.

Птичји грип се шири во Европа

Птичјиот грип е многу заразна вирусна болест за живината и другите птици која може да се манифестира на различни начини, во зависност од способноста на вирусот да предизвика болест и на погодените видови.

Што се однесува на домашната живина, најчесто заболуваат кокошките и мисирките, а главна опасност за ширење на болеста на домашната живина претставуваат два вида птици кои живеат покрај вода, посебно патки кои се природно отпорни на болест и не покажуваат никакви знаци на зболување.