1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Кенија: Моден дизајнер против Ковид-19

СН/дв
9 мај 2020

Повеќето африкански земји поради брзите и строги мерки успешно ја држат под контрола пандемијата на коронавирусот. Недостатокот на ресурси, во прв ред заштитна опрема, го надоместуваат со иновативност и граѓански ангажман. Впрочем како овој пример од Кибера, населбата во Најроби, главниот град на Кенија.

https://p.dw.com/p/3bDFg

Многу африкански земји рано воведоа строги мерки против ширењето на коронавирусот. Бидејќи тој подоцна стигна на континентот, африканските влади можеа да научат од искуствата во северната хемисфера.

Факт е: „Израмнувањето на  кривата“ функционира добро во повеќето африкански земји. Пандемијата се уште не го достигнала својот врв, но бројот на зарази е далеку под сите прогнози. 

Недостатокот на ресурси, во прв ред заштитна медицинска опрема, африканските земји го надоместуваат со иновативност и граѓански ангажман. Тоа го покажува и примерот на младиот моден дизајнер Давид Авидо Очиенг, од населбата Кибера во престолнината на Кенија, Најроби. Тој прави заштитни маски кои не само што изгледаат добро туку и ги предупредуваат неговите сограѓани на заканата од Ковид-19 и на важноста на превентивните мерки. Повеќе во насловното видео.