1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести во Атина и Солун против договорот од Преспа

ЖА / агенции
2 јули 2018

Повеќе стотици луѓе синоќа протестираа во Атина и во Солун против компромисот во долгогодишниот спор околу името со Македонија. Според новинарите, протестите не биле толку масовни колку претходните во јуни.

https://p.dw.com/p/30ebs
Griechenland Protesten vor Parlament
Фотографија: Reuters/C. Baltas

Демонстрантите во грчката престолнина и во пристанишниот град Солун скандираа нацииналистички пароли, а владата на левичарскиот премиер Алексис Ципрас ја обвинуваа за предавство: „Македонија е само грчка“, извикуваа демонстрантите.

На протести повикаа конзевративни, националистички и десноекстремистички организации. Новинарите кои ги следеа собирите велат дека бројот на учесниците бил значително помал отколку на сличните протести одржани во јуни. Во Солун полицијата употреби солзавец за околу 300 ултранационалистички ориентирани демонстранти да ги спречи да стигнат во близина на голема контрадемонстрација на левичарски определните граѓани.

повеќеМицотакис ќе се држи до договорот за името

Грција и Македонија на 17. јуни во Преспа постигнаа договор за решавање на повеќедеценискиот спор околу името Македонија, компромисното име гласи - Република Северна Македонија, за да се направи разлика со името на грчката северна провинција Македонија. Грција се обврза за возврат да престане да го блокира патот на својот северен сосед кон НАТО и ЕУ.