1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Производителите на марихуана плаќаат данок со „врзопчиња“

Кај Штајнеке
8 август 2017

Производителите на медицинска марихуана во САД не можат да плаќаат данок преку сметка. Тие, како во добрите стари времиња на Дивиот запад, полнат вреќи со пари и возат до надлежната институција.

https://p.dw.com/p/2hsp9
Uruguay startet Marihuana-Verkauf in Apotheken
Фотографија: Reuters/A. Stapff

Производителите на медицинска марихуана немаат банкарска сметка, затоа што нивниот производ, според сојузниот закон, е илегален. Тоа значи: броење, врзување, возење...

„Секогаш гледам во ретровизорот, зашто сакам да сум сигурен дека никој не ме следи“, вели Џеред Кајло, производител на медицинска марихуана, кој секој месец со возило носи 40.000 долари до надлежната институција. 

Тоа е напорно, но во иднина нема многу да смени. Освен, ако банките не решат да работат спротивно на законот.

Плаќање данок со вреќи пари