1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продолжува трката со времето во Фукушима

18 март 2011

Една недела по разурнувачкиот земјотрес и цунамито кое беше предизвикано од потресот, со минута молчење утринава (18.03.2011) луѓето им оддадоа почит на жртвите од североистокот на Јапонија.

https://p.dw.com/p/10brV
Фотографија: AP/Kyodo News

Според последните информации, кои ги објавија јапонските власти, бројот на жртвите се искачил над 6.500 загинати, повеќе отколку што однесе катастрофалниот земјотрес во Кобе во 1995 година.

Земјотресот со магнитуда од девет степени според Рихтеровата скала се случи пред седум дена, предизвикувајќи цунами високо и до 10 метри, што доведе и до голем број жртви. Како што денеска соопшти полицијата, за исчезнати се водат 10.354 луѓе.

Japan Atomkrise Fukushima Reaktor 16.03.2011
Фотографија: AP

Во меѓувреме продолжува трката со времето да се спречи атомска катастрофа, оцени шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Јукија Амано. Техничарите и војската, и натаму се обидуваат да ја стабилизираат состојбата во реакторите во нукеларната централа Фукушима 1 и да обезбедат ладење на нуклеарниот материјал.

Според проценките на Светската здравствена организација радијацијата од нуклеарната централа Фукушима 1 е ограничена во просторот околу постројката. „Во моментов нема индиции за ширење на радијацијата надвор од зоната на реакторите“ изјави претставникот на организацијата за Кина, Мајкл Олирли. Меѓутоа мора да се внимава, оти ситуацијата може да се смени.

Автор:АТ/СН/ дпа/ртр

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема