1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Продаден Јукос на непозната фирма

20 декември 2004

Главниот нафтен погон на компанијата Јукос вчера на лицитација и е продаден на досега непознатата руска фирма “Бајкал фајненс груп“ за 9,3 милијради долари. Дотогаш сигурниот купец Газпром се повлече на лицитацијата демантирајќи ги притоа сомневањата дека станува збор за договорена игра:

https://p.dw.com/p/AePk

Почетната цена на нафтениот погон Југанскнефтегас беше нешто пониска од 9 милијради долари, а целата аукција траеше само 10 минути и за побдник ненадејно беше прогласена бајкалската финансиска група која досега беше непозната во московските финансиски кругови. Се знае само дека е регистирана во Твер, на северозапад од Русија. Посматрачите претпоставуваат дека станува збор за група формирана само за оваа намена. Со продажбата на Југанскнефтегас руската држава сака да покрие дел од неколкуте милијарди тешки даночни побарувања од Јукос за кои властите во Москва тврдат дека изнесуваат вкупно 27 милијарди долари.

Портпаоролот на Јукос Александар Шадрин оцени дека продажбата е нелегална и од руско и од меѓународно становиште. Се претпоставува дека мистериозниот купец е или државата или компанија блиска до Кремљ. Јукос до последниот момент се обидуваше да ја спречи оваа проаджба. Според оценката на стратегискиот аналитичар на банката “Алфа“ Крис Вифер, можни се три варијанти: Или станува збор за друштво што служи како параван за заштита на интересите на Газпром пред американското правосудство, или зад него се крие компанијата “Сургутнефтегас“ која важи за блиска до Кремљ, или пак е тоа комбинација на интересите на државата и двете спомнати фирми. Претставникот на Јукос, Шадрин уште изјави дека купецот си купил сериозни главоболки: за оние што стојат зад купувањето и за оние што сакале финансиски да му помогнат. За нив претстои голем правен ризик. Адвокатите на Јукос веќе најавија жалба. Инаку, економските аналитичари сметаат дека Јукос е жртва на кампањата на Кремљ против политичките амбиции на сопственикот на компанијата Михаил Ходорковски кој од октомври минатата година е во затвор поради обвинувањата за прикривање данок. Според посматрачите, Кремљ се обидува да ја врати конторлата врз стратегиските сектори во стопанството распродадени на руските олигарси во хаотичната приватизација во 90-сеттите години.