1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предсвадбени фото-сесии: тренд во Кина

24 август 2019

Стопанската гранка која вклучува сѐ што е поврзано со организацијата на свадби во Кина доживува вистински процути. „Цутат“ и некои невообичаени трендови...

https://p.dw.com/p/3ONw4
Hochzeit China
Фотографија: picture-alliance/dpa

Совршени свадбени спомени освен што не им е денот на свадбата. Најновиот тренд во Кина? Софистицирани „предсвадбени“  фото-сесии во специјални студија, кои нудат секакви видови на поставки и костуми: „Околу 50 двојки доаѓаат во нашето студио секој ден. Обично трае по 12 часа на ден“, вели Зао Рончан, менаџер на  едно такво фото-студио.

Свадбена фото-сесија пред свадба

За да се добие совршена фотографија потребно е време, објаснува фотографот Зао Тјанју : „Фотосесијата започна од 8 часот утрово. Паузата за ручек е многу кратка. Имавме само 15 минути за ручек, а потоа продолживме“. Но идната невеста Ву тоа не е проблем: „Малку е напорно, но јас сум многу среќна. Задоволна сум од ова место. Ми се допаѓаат сите стилови што ги дизајнираа за мене“.

Предсвадбените фотографии не се ефтини - но, не се ни свадбите, каде што овие фотографии ќе бидат со гордост покажувани.

Просечно свадбите чинат меѓу 6000 и 25 илјади евра. Свадбената бранша во Кина доживува бум. Се очекува нејзиниот мпромет годинава да изнесува околу 290 милијарди евра.