1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предлог

14 декември 2011

Министрите за внатрешни работи на ЕУ синоќа предложија механизам, според кој по итна постапка, во вонредни ситуации, може на одредено време да се врати обврската за вадење визи за граѓаните од државите во Западен Балкан.

https://p.dw.com/p/13SID
Фотографија: DW

Одлуката треба да ја донесе Европскиот парламент. Предлогот го даде Европската комисија поради порастот на бројот на „лажни азиланти“. Најголем број од овие баратели на азил доаѓаат од Србија, Македонија и од Црна Гора. Главни дестинации им се Шведска, Германија, Белгија и Луксембург, а претежно се Роми. Расте и бројот на лицата од Албанија кои го пречекоруваат дозволениот рок за престој и илегално остануваат во земјите од Шенгенскиот простор.

Од почетокот на минатата година до средината на септември, според дипломатски извори, во Белгија биле регистрирани 1964 баратели на азил од балканските држави, во Луксембург 1052, во Шведска околу 2500 и во Германија близу 3600 луѓе. Нивните барања за азил се речиси редовно одбивани.

Комесарот за човекови права во Советот на Европа Томас Хамарберг изрази пак, загриженост во врска со дискусијата во ЕУ. Тој истакна дека европската Конвенција за човекови права секому му гарантира право да ја напушти својата земја. Воведените ограничувања во балканските земји под притисокот од ЕУ можат да имаат за последица укинување на ова право. Така, според Хамарберг, Македонија во меѓувреме ја санкционира злоупотребата на условите за патување - на оној кој ќе биде протеран од ЕУ во Македонија, му се заканува одземање на пасошот.

Автор: ЖА/ ЕМФ/ кна/ бета

Редактор: Александра Трајковска