1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Предвремени избори во Словенија на 13 јули

ЕМФ/дв/бета2 јуни 2014

Словенечкиот претседател Борут Пахор го распушти парламентот во Љубљана и закажа нови избори во земјата за 13 јули. Експертите предвидуваат дека и по изборите нема да има стабилен однос на политичките сили.

https://p.dw.com/p/1CAJW
Фотографија: Reuters

Предвремените избори во Словенија се неопходни откако премиерката Аленка Братушек поднесе оставка, а пратениците во парламентот не предложија нов мандатар.

„Изборите за Словенците се многу подобар избор отколку четврт обид да се именува мандатар или трета влада за само еден мандат на парламентот“, рече претседателот Борут Пахор.

Sloweniens Premierministerin Alenka Bratusek
Аленка Братушек ќе се обиде со нова партијаФотографија: Getty Images

Аленка Братушек поднесе оставка на почетокот на мај, откако ја загуби трката за лидерската позиција во својата партија „Позитивна Словенија“ од градоначалникот на Љубљана и основач на партијата, Зоран Јанковиќ.

На новите избори Братушек ќе настапи со партијата основана минатиот викенд „Сојуз Аленка Братушек“. Набљудувачите предвидуваат низок одзив на изборите на средината од јули, поради летните одмори. Со оглед на расцепканото партиско милје во земјата, се претпоставува дека новите избори нема да донесат стабилен однос на политичките сили во Љубљана.