1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Пред Канарските острови се удавија десетици мигранти

Улрике Кваст
20 август 2021

Канарските острови се чинат на дофат кога се гледа од африканскиот брег. Поради тоа многу бегалци се осмелуваат на бегство во стари чамци. Тоа сега најверојатно уште еднаш се покажа како смртна стапица.

https://p.dw.com/p/3zCWB
AUSSCHNITT Mittelmeer vor Malta | Flüchtlung und Rettungsring, bei Rettungsschiff Sea-Watch 3
Фотографија: Getty Images/AFP/F. Scoppa

Шпанската крајбрежна стража од водите на околу 200 километри пред брегот извлече жена и тела на двајца бегалци од превртен чамец. Според изјави на преживеаната, во чамецот имало 40 луѓе. Како што се вели, нема знаци за други преживеани. 30-годишната жена беше откриена од страна на товарен брод. Таа била во „тешка состојба“. Во лоши временски услови жената со хеликоптер е извлечена од водата и префрлена во болница во Лас Палмас.

Досега над 7500 луѓе имаат тргнато на опасен пат од африканскиот брег кон Канарските острови, кои важат за прва етапа на нивниот пат кон Европа. Тоа се двојно повеќе луѓе отколку во истиот период лани, а во однос на 2019 година, пак, бројот е веќе осумпати поголем. Огромното зголемување на бројот, според претпоставките, се должи на тоа што контролите на мигрантските рути во Средоземјето се многу зајакнати.

Повеќе:

Мигранти во Сеута: Драматично спасување на бебе од морето

Фотографија на денот: Со пливање до подобар живот во Европа

Грција: Маскирани лица напаѓаат чамци со бегалци во Егејско Море

Патувањето од Мароко, меѓутоа, е екстремно опасно. Силни морски струи честопати ги превртуваат чамците кои не се соодветни за патување на отворено море. Ако Канарските острови се промашат и луѓето стигнат на отворено во Атлантикот, нивните шанси за преживување се многу мали.