1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Празнина но и надеж во Ерфурт по политичкиот потрес

Бенџамин Најт
10 февруари 2020

Градот Ерфурт во Источна Германија штотуку ја помина една од најтрауматичните недели во политички контекст. За активистите од левицата и муслиманите импликациите на теренот се очигледни...

https://p.dw.com/p/3XXDw
Deutschland l Proteste nach Ministerpräsidentenwahl in Thüringen
Фотографија: Reuters/H. Hanschke

И по три дена, Јулијан Деген е сѐ уште малку ужаснат. „Прво се чуствував празно“, рече тој, ставајќи си кафе во седиштето на партијата на Левицата во Ерфурт, кое истовремено е и младински клуб наречен „RedRoxx". „Потоа бев само лут," додава тој.

Деген и е асистент на локалната лидерка на партијата на Левицата, Сузане Хенинг – Велсов, социјалист од Тирингија која стана популарна откако во средата во знак на гадење му фрли куп цвеќиња пред нозе на Томас Кемерих – политичарот од Либералите, кој само три дена беше на позицијата премиер на Тирингија.

Нејзината фрустрација беше очигледна на собирот во RedRoxx по гласањето во средата. „Никогаш не сум ја видел Сузи таква," констатира Деген.

Десетици поддржувачи на партијата на Левицата се собраа овде за да се тешат меѓусебно откако беа сведоци на нивниот најголем кошмар: не само што нивниот кандидат Бодо Рамелов беше поразен, туку за првпат по 1945 година една мејнстрим германска политичка партија соработуваше со партија од екстремната десница за да осигура избор на нејзиниот кандидат.

Deutschland | Linker Jugendclub RedRoxx in Erfurt | Julian Degen
Јулијан ДегенФотографија: DW/B. Knight

Чудна атмосфера во Ерфурт

Испадот на бес на Хенинг Велсов во салата резултираше во спонтани демонстрации кои се случија на скалите од парламентот додека Кемерих го држеше својот говор внатре. Тие протести на кои се собраа околу 1000 луѓе, според Деген, се исто така посебни. „Многу е тешко да ги натерате луѓето во Ерфурт да излезат на улица," вели овој активист. „Но, во средата, зборував со луѓе кои во други ситуации не би излегле на демонстрации. Луѓето едноставно излегоа од работа за да ни се придружат." Дури и полицијата која вообичаено е строга во однос на протести пред парламентот, сега реагираше со невообичаено разбирање, вели тој.

Повеќе на темата:

-Бурата околу Тирингија ја ниша германската влада

-По изборот во Тирингија: Срам за Германија

-Шок во Германија по изборот на премиерот на Тирингија

И покрај тоа што голем гнев е насочен кон ФДП, за партијата на Левицата, најголемо разочарување е Христијанско демократската унија (ЦДУ). Ако само петмина парламентарци од партијата на Ангела Меркел се воздржаа од гласање, Кемерих немаше да биде избран. Со тоа тој ќе се спасеше себеси но и својот партиски шеф Кристијан Линднер, а да не зборуваме за лидерката на ЦДУ Анегрет Крамп-Каренбауер од недела на превирања и потреси, која сериозно ги наруши сите нивни позиции. (Имено Крамп-Каренбауер како последица на сето тоа денеска најави дека ќе се повлече од лидерската функција во партијата и нема да се кандидира за канцеларка на наредните избори.)  На гласањето само тројца пратеници од ЦДУ се воздржаа, и Кемерих победи за еден глас.

„До самиот крај се надевавме дека ќе има луѓе во ЦДУ кои под никакви околности нема да коалицираат со АФД," вели Катја Мауер, парламентарец од редовите на левицата, која драматичната ноќ ја помина трчајќи меѓу фрустрирачката парламентарна седница, вжештените партиски состаноци и лутите демонстрации надвор. "Никогаш не сум видела толку луѓе да плачат поради избори, вклучително и јас," вели таа.

Deutschland | Linker Jugendclub RedRoxx in Erfurt
Фотографија: DW/B. Knight

Кога дојде моментот, „беше шок бидејќи сфативме дека нашата позиција и верувањето оти кај ЦДУ сѐ уште постои зрак на надеж и желба за демократија – бил наивен," вели таа за ДВ. Огранокот на ЦДУ од Ерфурт, како и останатите партиски претставници кои се застапени во парламентот на Тиринија, освен партијата на Левицата, не одговорија на барањата за интервју од ДВ.

Популарниот премиер: Бодо Рамелов

За други во Ерфурт гласањето во средата беше горко бидејќи значи крај на ерата Рамелов. Премиерот од Левицата во заминување си изгради имиџ на компетентен владетел: личниот рејтинг кој често пати му беше над 60% појажува дека неговата популарност ја надминуваше левичарската база во покраината.

Поразот на Рамелов еведна од причините зошто Сулејман Малик, портпарол на џамијата Ахмадија, се приклучи на протестите во средата заедно со останатите членови на малата муслиманска заедница во Ерфурт.

„Срамно е кога заради политичка стратегија и моќ демократски глас се користи да им се удоволи на антидемократски парламентарци," изјави Малик за ДВ. „Секако дека излеговме на протести бидејќи сфативме дека туе непријатели на демократијата се закана за нашиот демократски поредок. За мене тоа што се случи овде е шлаканица за демократијата."

Deutschland | Baustelle Ahmadiyya Moschee in Erfurt
Фотографија: DW/B. Knight

Поддршката на Рамелов за религиска слобода биле од витално значење за Малик, чиј реформистички огранок во рамки на Исламот не е прифатен во Пакистан и други арапски нации. Како еден од малкуте во рамки на Левицата кои отворено ја практикуваат христијанската вера, Рамелов во ноември 2018 покажа солидарност кога соочен со протести на екстремната десница како покраински премиер дојде на поставувањето на камен темелникот за џамијата Акмадија.

Првата „видлива“ џамија

Заедницата Ахмадија се надева дека ќе може да ја отвори летоска. Според Малик, тоа ќе биде првата „видлива” џамија во источна Германија надвор од Берлин, односно првата со молитвен простор и минаре.

„Тоа е важно бидејќи може да бидеме и ние дел од општеството, а луѓето да дојдат и да среќаваат Муслимани," во саботата раскажуваше Малик на градилиштето. „Токму ова е местото каде предрасудите може да бидат искоренети."

За Малик настаните од неделава, односно поразот на Рамелов и влијанието на АФД кое на тој начин дојде до израз, имаат директни последици врз џамијата и отвореното општество што го претставува. Малата полуготова градба е резултат на 15 годишна борба: процесот на собирање донации, наоѓањето на простор и стекнувањето на дозвола за градба биле во знакот на отпор од локалното население, на еден или друг начин.

Дури и во оваа фаза предрасудите имаат реални ефекти. Според Малик изградбата била одложена за шест месеци бидејќи некои компании одбивале да бидат договорно ангажирани бидејќи се плашеле од негативни реакции. „А, таквиот страв го потхрануваат антидемикратските сили во патламентот," вели Малик.

Но, сиот труд се исплател. „Гледаме дека повторно се зголемува нашата заедницата," вели Малик. „Народот се враќа во Ерфурт зашто гледаат дека има место каде што Муслиманите може да се среќаваат."

„Имаше протести, точно," додава тој, спомнувајќи ги мртвите свињи што ги фрлале на местото како и редовните закани со смрт кои ги добива онлајн како најистурен член на заедницата. „Но, исто така имаше и многу поддржувачи. Луѓето се бореа заедно со нас и излегоа на протести."