1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Празник за публиката

Силвера Падори14 февруари 2009

По 10 дена филмски маратон, во Берлин вечерва (14.02.2009) ќе бидат соопштени добитниците на златната и сребрената мечка. Возбудувањето е големо и кај авторите и кај публиката.

https://p.dw.com/p/Gtqe
Фотографија: picture-alliance / dpa / Montage DW

Берлиналето и годинава го потврди својот карактер на фестивал во кој доминацијата ја има ангажираниот политички филм и - публиката. За вљубениците на големото платно изминативе фестивалски денови донесоа и свежина и хумор. Не само со ”Пинк пантер 2” кој беше прикажан надвор од натпреварувачката конкуренција, туку и во бројните духовити остварувања кои ги потпишаа режисерски имиња како Франсоа Озон и неговиот ”Рики” или “Мој еден и единствен” на Ричард Лонкреин, во кој главниот збор го имаше Рене Зелвегер.

Ѕвездите не го заобиколија Берлин

И уште нешто: На Берлиналето, како прв фестивал во годината, на црвениот тепих пристигна и дел од Холивуд. Навистина го немаше Џорџ Клуни, но во престолнината деби во Палатата на Берлиналето имаше Мишел Фајфер. Со сопругот тука беше и Деми Мур, а Рене Зелвегер во црвениот преубав фустан беше во тон со бојата на тепихот, седиштата и драпериите на Палатата на Берлиналето.

Балканот на екранот

Berlinale 2009 Eingangsbereich
Берлиналето донесе и свежина и хуморФотографија: AP

Со “Хјуман зоо” на данската режисеркла Рие Расмусен стартуваше категоријата Панорама. Го спомнуваме зашто тоа е еден од неколкуте прикажани филми кои за тема го имаат Балканот. И тоа од оној, најболниот политички аспект, што на големиот екран го презентираат војните, насилството, маките. Адрија е по мајка Србинка, по татко Албанка. Преку Адрија и нејзините сеќавања се пренесени борбите мегу УЧК и ЈНА, насилството врз цивилното население, но и сегашноста во Марсеј каде Адрија живее илегално.

Таа се сеќава на минатото кога заради љубовта кон еден српски мафијаш ги прегазила сите етнички и законски граници. Го преживеала подземјето на Белград и движењето во кафез без решетки. Режисерката Расмусен, преубава млада жена од безмалку два метри кажува дека идејата за филмот ја добила од еден вистински лик, една млада девојка од Косово, која ја запознала во САД, каде избегала од хоророт на војната: „Во тоа време, ако ги имаш двата идентитета, на Косово човек не беше прифатен од никого. Србите ќе те убијат зашто си Албанец, а ако си Србин и Албанците нема да ти помогнат.“

Трибуналот има уште задачи

Уште еден, исклучително политички филм, врзан за Балканот е “Бура” на Ханс Кристијан Шмит.

Тоа е трилер за Трибуналот, за односите за правдата, за политиката и за нивната испреплетеност. Еден политички филм каков што треба да биде“, ја коментира “Бура” директорот на фестивалот, Дитер Кослик. Приказната е за
Deutschland Berlin Berlinale Direktor Dieter Kosslick
Директорот на Берлиналето - Дитер КосликФотографија: picture-alliance/ ZB
јавната обвинителка Хана Мајнард која ја води постапката против Горан Дуриќ, еден од командантите на поранешната југословенска армија кој е одговорен за депортацијата и смртта на босанските цивили од гратчето Касмај во сегашна Република Српска. Филмот го трасира тешкиот пат на вистината која ја знае Мира, сестрата на Ален, кој по лажното сведочење се самоубива. Хана со силни напори ќе успее да ја донесе Мира на клупата за сведоци, иако таа има нов живот и сака да го заборави минатото. Но, и покрај сите жртви, целта не е исполнета. Хана констатира дека непријателот не е само на обвинителната клупа , туку и во редовите на судот. Ова е само еден од бројните случаи кои чекаат решение во Хаг: Многумина не знаат дека мандатот на Трубуналот завршува до крајот на годинава, иако многу постапки не се решени, што во овој филм е толку убаво покажано“, коментира Кослик, додека режисерот Ханс Кристијан Шмит аргументира:

„С

ите се едногласни дека започнатите постапки не треба да се завршат под притисок на времето. Има многу случаи кои се отворени и се надевам дека Трибуналот нема да биде затворен ни оваа, ни наредната година. Сакам да верувам дека филмот ќе придонесе за јакнење на свеста дека работата на судот не е завршена.“

Филмски печати на времето

И вториот дел од трилогијата на Тео Ангелополос “Прашина на времето”, прикажан вон конкуренција, ја има политичката нота. Тоа е приказна за неговиот и животот на родителите. Во средиштето е неговата мајка Елени, која во 40-тите години како бегалец живее во тогашниот Советски сојуз одделена од љубениот Спирос. Тој, пак, емигрира во Америка и се обидува нелегално да ја донесе Елени кај себе. Планот е откриен и Елени е пратена во Сибир. Тоа е епос на разделбите, егзилот, прекршувањето на идеологиите и љубовта.

“Германија 09 - 13 кратки филма за состојбата на нацијата” иако не атакува на одличја, го привлече големото внимание на публиката. И не случајно. Во годината на јубилеи: 2 децении од
Filmszene aus Deutschland 09
Сцена од „Германија 09“Фотографија: Internationale Filmfestspiele Berlin
обединувањето, над 60 години по крајот на Втората светска војна, 40 години од студентските немири, 30 години од германската пролет, група режисери го дадоа своето лично видување на општеството и политиката. Филмовите не може да се раскажат. Треба да се видат. Тоа е навистина Германија!

Лебот наш насушен

Во времето во кое живееме, политиката е буквално во секоја пора. Ја има најмногу онаму каде што и не сонуваме. Во храната. Ова брилјантно го пренесува Роберт Кенер во 94 минутниот “Фуд инк” , за што Дитер Кослик претпоставува: „По финансиската криза, сметаме дека идната катастрофа со исто толку големи димензии е пред врата. И тоа е всушност произвдотството на храна. Затоа и го одбравме “Фуд инк” .

„Ова е за она што јадеме, што не смееме да кажеме или знаеме. Компаниите не сакаат да ги раскажат овие приказни...“ се кажува на почетокот на филмот. Дали храната што евтино ја купуваме во супермаркетите е навистина и таква?

Всушност е многу сакапа ако се додадат трошоците за заштита на животната средина, за социјалната и здравствената заштита. Индустриската храна не е чесна храна“, пренесува филмот каде се пресликани детали од ген манипулираните житарици, со медикаменти преполна сточна храна, со хормони напумпана стока ...И згора на тоа прехранбената индустрија, по правило, е заштитена од државите. Наспроти енормното зголемување на болните од дијабетес, авторот Роберт Кенер смета дека претседателот Барак Обама промените во здравствениот систем може да ги спроведе единствено доколку започне со реформи во прехранбената индустрија.

Љубовта и моралот

Иако критичарите, барем досега, не беа особено широкогради, најновата приказна “Шери” на Стефен Фрирс, со Мишел Фајфер и Руперт Фриенд е нешто посебно: со темата, начинот на кој се пренесени сликите, атмосферата...

„Ова е љубовна приказна. Трагедија, но истовремено и комедија. Тоа е соочување со годините на двата главни лика. Мојот карактер е жена во позрели години која се судира со староста, а Руперт е млад човек, кој пак, се обидува да созрее“ - ја кажува накратко сторијата Мишел Фајфер, која ја толкува куртизаната Леа од Париз, во дваесетите години и нејзината љубов со Шери, многу, многу помладиот син на една нејзина колешка.

Filmszene: Cheri Berlinale 09 Cheri Stephen Frears Michelle Pfeiffer
Сцена од „Шери“Фотографија: Berlinale

Уште еден филм врзан за љубота и Германија е најновото остварување на Кај Весел “Хилде”. Посветен на Хилдегард Кнеф, германската филмска и музичка ѕвезда која имаше турбулентен живот. Беше грешница, сон, икона и го мина патот од Германија до Холивуд и назад.

Макач вели дека од почеток и‘ било јасно дека улогата која ја игра нема да е лесна. Но, сакаше да ја добие. Сега има чувство дека со Хилдегард ја поврзува едно големо пријателство. Макач, инаку, неверојатно потсетува на ликот кој го толкува во “Хилде”.

И Макач и многу други актери и режисери вечерва ке бидат во Палатата на Берлиналето. На доделувањето на златната и сребрените мечки за кои за жал во досегашната историја на Фестивалот не се натпреварувал ниту еден македонски филм. Можеби 60-тото издание ќе биде пресвртница...