Поштарка кајче веслаше
17 јули 2019Онаму каде нема патишта поштата се доставува со чамец, од страна на единствената поштарка на чамец во Германија. „Чамецот е тука околу 122 години, тој е составен дел од Шпревалд“, вели поштарката Андреа Бунар. Чамецот се разбира е атракција за туристите. Меѓутоа за жителите во источно германскиот регион Шпревалд тој е суштествена услуга. Во селото Лехде, имено, до 65 домаќинства може да се стигне само преку вода.
„Кога е ветровито времето, ние сме надвор, на дожд, на лапавица, на град. Сè е надвор“ , истакнува Бунар.
Таа испорачува 600 писма и околу 70 пакети неделно. Поштенското кајче нема мотор, бидејќи во мочуришната област Шпревалд се забранети моторни чамци. Затоа поштарката единствено користи весло и се разбира силата на мускулите. Таа минува над 8 километри дневно и повеќе од 1000 километри секоја година. Ваквото доставување на поштата заштедува 350 килограми CO2 по сезона. Во секој случај еколошки - но предизвикува болка во мускулите!