1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почина претседателот на Виетнам

СН/ агенции
21 септември 2018

Неговиот мандат траеше само две години. Виетнамскиот претседател Тран Даи Кванг почина по тешка болест во Ханој. Тран важеше за тврдокорен комунист.

https://p.dw.com/p/35HP2
Vietnam Tran Dai Quang, Präsident
Фотографија: Reuters/M. Hoang

Претседателот на Виетнам, Тран Даи Кванг почина на 61-годишна возраст во воената болница во главниот град Ханои, објави државната новинска агенција ВНА. Тран страдаше од сериозна болест.  Гласини за лошото здравје на политичарот роден во 1956 година кружеа веќе некое време. Неговото едномесечно отсуство од политичкиот живот во август 2017 година ги поттикна овие шпекулации.

Тран беше претседател на југоисточноазиската земја од април 2016 година. Шефот на државата во Виетнам има главно репрезентативни задачи и овластувања. Најмоќната функција во државата е онаа на генералниот секретар на комунистичката партија. На второто место е премиерот.

Vietnam Präsident Tran Dai Quang in Hanoi
Фотографија: Getty Images/AFP/Minh Hoang

Тран пред неговиот избор за претседател беше министер за јавна безбедност на Виетнам. Тој важеше за тврдокорен комунист и за време на  на партискиот конгрес на почетокот на 2016 година со други конзервативни сили во партијата успеа да извојува победа над прозападните сили.