1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почеток на пролетта - барем календарски

20 март 2018

Од денеска официјално започнува пролетта, иако во голем дел од Европа и во Германија луѓето барем засега можат само да сонуваат за пролетни температури.

https://p.dw.com/p/2ucsW
BdT Wetter in Niedersachsen
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Hollemann

И по денешниот календарски почеток на пролетта, времето во големи делови од Европа и во Германија останува зимско. Метеоролозите велат дека врнежи од снег се можни и до крајот на месецов, постои веројатност дури и од „бел Велигден“. 

Но, во други земји пролетта наголемо е пристигната. Во југо-западната кинеска провинција Гуејѓоу е во полн ек цутот на црешовите дрвја. Оваа цветна атракција на површина од околу 133 хектари привлекува бројни домашни, но и странски туристи, годинава близу 200.000. 

Кина во пролетна наметка