Почеток на летото со пеколни температури
21 јуни 2017Реклама
Светската метеоролошка организација (ВМО) предупредува од горештини во голем дел од светот. Во Шпанија во јуни се урнати многу температурни рекорди, на пример во Гранада - 41,5 степени Целзиусови, или во Мадрид - 40,1 степен. Од Пакистан стигнуваат информации за 54 степени во градот Турбат.
Неверојатно жешко е и во Германија. Температурите до 37 степени се поднесуваат со престој покрај вода, многу сладолед и ладно пиво. Оние кои мора да работат имаат навистина лоши карти во ракавот. Еве каков е почетокот на летото: