1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Поранешна Југославија: Правда без помирување

Томас Брај
1 јули 2021

Хашкиот трибунал за воени злосторства беше прв од таков вид по Нирнбершките процеси и требаше да служи како пример за други меѓународни судови. Но, тој не успеа да донесе помирување меѓу поранешните завојувани страни.

https://p.dw.com/p/3vrsC
Den Haag | Angeklagte  Kriegsverbrechen in Bosnien | Jovica Stanisic und Franko Simatovic
Фотографија: PIROSCHKA VAN DE WOUW/REUTERS

Билансот на меѓународниот суд кој во 1993 беше основан од страна на Советот за безбедност на ООН и сега прекинува со работа, гласи: против 161 лице беше покренато обвинение заради тешки воени злосторства меѓу 1991 и 1999 во Хрватска и БиХ. 93 од нив беа осудени, 18 ослободени.

Последно српскиот екс-генерал Ратко Младиќ (78) беше осуден на доживотна затворска казна исто како и неговиот политички партнер, Радован Караџиќ (75). Тие беа умовите на „злосторничко здружување", кои според пресудите давале наредби за најтешки воени злосторства на српските сили.

Неспорно е дека Хашкиот трибунал постави стандарди за други меѓународни судови и делумно овозможи детално да се напише историјата. Критичарите забележуваат дека во Ден Хаг само се судело на раководството на воениот апарат. Преголемото мнозинство на непосредните сторители кои убивале, уништувале, силувале и протерувале до денес не се изведени пред лицето на правдата.

Тоа во Сребреница доведе до таму секојдневно на улиците да се среќаваат сторителите и жртвите и нивните роднини. Иако во местото српските сили убија околу 8 илјади муслимански деца и мажи, домашното судство ја блокира можноста да им се суди за едно од најтешките воени злосторства во Европа од 1945 година наваму. 

Urteilsverkündung gegen Ratko Mladic
Фотографија: International Residual Mechanism for Criminal Tribunals

Други критичари забележуваат дека главно обвинетите како Младиќ и Караџиќ можеа 15, односно 12 години да бегаат пред да бидат уапсени. Поранешниот хрватски генерал Анте Готовина беше четири години во бегство. Некои пресуди предизвикаа зачуденост како на пример кога Готовина прво беше осуден на 24 години затвор заради најтешки злосторства, а потоа на апелација доби ослободителна пресуда. Српскиот националист Војислав Шешељ 12 години лежеше во затвор и потоа беше ослободен.

Најголем неуспех сепак е смртта на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ во 2006 уште пред пресудата. Фактичкиот идеолог почина од срцев удар. Слободан Праљак, врвен функционер во хрватското министерство за одбрана во 2017 во судската сала се отру откако по 13 години истражен затвор беше осуден на 20 години затворска казна. Лидерот на хрватските Срби Милан Бабиќ пак, се обеси во затворската ќелија.

Старите воени наративи повторно актуелни

Можеше ли трибуналот на ОН да иницира помирување на завојуваните страни? Дури и неговите најжестоки поддржувачи би рекле – не. Бидејќи старата воена пропаганда и нејзините идеолошки основи повторно се дел од реториката во земјите наследнички на Југославија.

На стадионите во Хрватска редовно се скандираат антисрпски пароли. Неретко има графити со погрдни зборови и физички напади врз Срби. Откако „провоено настроените“ се на власт во Србија од 2012 година, земјата повторно ги обновува аспирациите кон Босна и Херцеговина и кон Црна Гора, вели белградскиот историчар Миливој Беслин. Најновиот политички проект  „Српски свет“ е всушност старата идеја за Голема Србија само во поинакво пакување.

Den Haag | Internationaler Strafgerichtshof | Ratko Mladic
Фотографија: Peter Dejong/AP/picture alliance

Слично како и пред избувнувањето на југословенските војни повторно е насекаде во мода самоизбраната улога на жртва. Белградската историчарка Дубравка Стојановиќ вели дека ова служи за хомогенизација на различните народи „Ова колективно чувство е најдобрата психолошка основа за агресија, која се претставува како самоодбрана. Бидејќи жртвата не може да биде агресор“. 

Повеќе:

-Хашкиот суд ја потврди пресудата - доживотен затвор за Ратко Младиќ

-Доживотен затвор за Радован Караџиќ 

-Балканското минато уште живее

И во учебниците младите луѓе повторно се „билдаат“ со национализам. Анализите покажуваат дека таму се учат старите стереотипи: непријателските соседи сакале да ја прошират својата територија и поради тоа морале да се бранат и да се војува против нив. Во училишната настава одново се пишува историјата на последните војни – злосторствата ги извршиле исклучиво противниците.

Осудени воени злосторници како национални херои

По пресудата против генералот Младиќ, белградскиот таблоид „Информер“ (на 15 јуни) кој важи за гласник на владата напиша: „Страшна неправда. Генералот Ратко Младиќ е осуден на доживотен затвор без ниту еден доказ. Само лажни сведоци го обвинија Младиќ. Сите докази на одбраната се игнорирани.“

Исто така влијателниот весник „Новости“ објави наводни нови тајни документи од британското министерство за одбрана. „Србите не извршиле никаков геноцид во Сребреница“, тоа треба да се „докаже“ иако меѓународни трибунали повеќепати го класифицираат масакрот како геноцид. Во Хрватска Анте Готовина и Младен Маркач, ослободени од обвиненијата во контроверзна жалбена постапка уживаат статус на култни личности.

Den Haag | Internationaler Strafgerichtshof vor Urteil zu Ratko Mladic
Фотографија: ROBIN UTRECHT/ANP/AFP

Ако ги погледнете актуелните национални тензии на Западниот Балкан, кои се потпалуваат од водечки политичари со популистички изјави, Хашкиот Трибунал и не можеше многу да придонесе кон помирување. За тоа треба да се мобилизира граѓанското општество.

Научници, наставници, размена на млади – тоа се клучните зборови. И медиумите пред се мора да се ослободат од влијанијата на политичките елити. Бидејќи токму преку нив народите се напаѓаат меѓусебно како во најлошите времиња на војна.