Помпео во недела ќе го посети Ким
3 октомври 2018Шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, во недела ќе се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, во Пјонгјанг во обид да се забрза процесот за денуклеаризација на корејскиот полуостров, соопшти синоќа Стејт департментот.
Помпео покрај Северна Кореја, ќе ги посети и Јапонија, Јужна Кореја и Кина, изјави портпаролката на американското Министерство за надворешни работи, Хедер Нојерт.
Повеќе:
-По самитот на Трамп и Ким: За доверба е потребно време
-Трамп и Ким договорија „целосна денуклеаризација“ на Северна Кореја
Тоа ќе биде четврта посета на американскиот министер на Северна Кореја од пролетта наваму и се смета дека Помпео во Пјонгајнг овојпат ќе води подготвителни разговори за новиот самит Трамп-Ким.
Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна изрази надеж дека наскоро повторно ќе сретне со Ким по првиот самит одржан на 12 јуни во Сингапур.