1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Помирувањето не е амнестија

15 октомври 2018

Министерот Едмонд Адеми вели дека изјавата на премиерот Заев од собраниската говорница е погрешно протолкувана, и оти тој не понудил амнестија за случувањата од 27 април

https://p.dw.com/p/36Z9A
Mazedonien Premierminister Zoran Zaev im Parlament in Skopje
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Во говорот на премиерот Зоран Заев од собраниската говорница по повод уставните измени „апсолутно немаше повик за амнестија“ вели министерот без ресор задолжен за дијаспората, Едмонд Адеми. Тој вели дека треба да се прави разлика меѓу судските процеси и интересите на државата и оценува дека медиумите погрешно ја протолкувале изјавата на премиерот.

„Факт е дека сме поделени, партиски, етнички и по сите основи, народот исто како и политичарите, сите сме сити од поделби. Помирувањето и пружањето рака има човечка димензија, амнестијата е нешто друго, изјави Адеми за Макфакс.
Тој направи споредба со примерот на Папата Јован Павле втори, кој му простил на својот атентатор, но не го амнестирал од извршување на затворската казна.

Против амнестија се изјасни и пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов, кој го коментираше барањето на адвокатите на експремиерот Никола Груевски до Уставниот суд да се преиспита уставноста на членови од Кривичниот законик. Бранителите на Груевски се обидуваат да ја оспорат уставноста на член од КЗ кој се однесува на делото злоупотреба на службената должност.

Костадинов ова го толкува како „последен, јалов и очајнички обид за амнестија на Груевски и неговите соработници“. „Претходното и сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека амнестија нема да има“, рече Костадинов.