1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожарот во Сарај се шири кон ловиштето Јасен

ДТЗ
11 август 2021

Три пожари се активни во земјата. Тројца француски експерти со дронови утре пристигнуваат во земјата, со цел справување со огнените стихии.

https://p.dw.com/p/3yqJu
Waldbrände in Nordmazedonien
Фотографија: Arbnora Memeti/DW

Пожарот во реонот на Пехчево, Делчево и Берово по една недела е локализиран, но пожарникарите и понатаму остануваат на терен. Во земјата од изутринава се активни три пожари. Огнената стихија во Општина Сарај, кај селата Раовиќ и Буковиќ, веќе неколку дена им создава немир на мештаните. Последните информации од Центарот за управување со кризи се дека пожарот се префрлил на територијата на ловиштето Јасен. 

Исто така пожарот во делот од Топлица, кон селото Крстец прилепско, е активен и е на тешко пристапен терен. Намален интензитетот на горење кај пожарот во Катланово и дека целосно е локализиран пожарот кај местото викано Бајаз Тепе. 

-повеќе на темата: Австриските доброволци земале одмор за да гасат пожари во Малешевијата

На терен се екипите од Словенија и Австрија, припадници на Армијата, екипа од Бугарија со пет противпожарни возила и 37 пожарникари и други служби кои се вклучени во гасењето. 

По помошта од која пристигна од земјите – членки на ЕУ: Австрија, Словенија, Романија и Бугарија, како и од соседна Србија, од утре и Франција се приклучува во напорите за гаснење на пожарите во земјава. 

Станува збор за тројца Генерали од пожарникарната служба на Франција, кои се едни од најдобрите експерти за високо ризични пожари. Помошта од Франција ќе биде надополнета и со високо софистицирана опрема сочинета од дронови со француски пилоти/оператори, кои многу ќе помогнат во делот на идентификување, мапирање и рано информирање на подрачјата потенцијални жаришта на пожари, како важен дел од севкупната операција за сузбивање на пожарите. 

„Вклученоста на Франција доаѓа заради нивната висока експертиза во гасењето на вакви шумски пожари, а како резултат на успешната координација на нашата дипломатска мрежа. Солидарноста и помошта од нашите сојузници во овие кризни моменти е повеќе од добредојдена во надминување на кризата, а воедно преставува и вистински израз на европската солидарност“, информираат од МНР. 

 

Поглед во кампот на австриските пожарникари