1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожар на патнички авион во Чикаго

Ж.А. /агенции
29 октомври 2016

На чикашкиот меѓународен аеродром се запали патнички авион на Американ Ерлајнс при полетување. Повредено е 21 лице.

https://p.dw.com/p/2Rs2x
USA Passagierjet fängt in Chicago Feuer
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Castillo via Twitter

Пилотот на авионот Боинг 767 на авиокомпанијата Американ Ерлајнс закочил при полетувањето поради проблеми со моторот, соопшти компанијата. Дваесет патници и еден член на екипажот се полесно повредени и се пренесени во болница. Пилотот првично мислел дека пукнала гума, но станувало збор за проблеми во еден од моторите, кој се запалил. Во авионот кој требало да лета за Мајами се наоѓале 161 патник и 9 членови на екипажот. Видеоснимката покажува како од авионот излегува чад, додека патниците ја напуштаат кабината преку излез во случај на опасност.

Аеродромот во Чикаго со околу 77 милиони патници годишно е еден од најфреквентните во САД. 

Патнички авион се запали на писта во Чикаго