1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Demokratiebewegung Russland

16 декември 2011

Невообичаено единство во германскиот Бундестаг-сите пратенички групи на посебна седница се соолидаризираа со демократското движење во Русија и побараа разјаснување на евентуалните изборни фалсификати.

https://p.dw.com/p/13U6g
Десетици илјади луѓе демонстрираа во Москва против изборни измамиФотографија: picture alliance / dpa

Моделот на „управувана демократија“ и режираната размена на функциите меѓу рускиот претседател Дмитри Медведев и премиерот Владимир Путин значи стагнација и враќање наназад за Русија, демонстрациите напротив не се дестабилизација на земјата, туку израз на разбудувањето на луѓето, истакнува Андреас Шокенхоф, ополномоштеник на германската влада за прашањата во врска со Русија. Тој, заедно со претставниците на другите пратенички групи, побара испитување на обвинувањата за лажирање на парламентарните избори во Русија одржани на 4 декември. Шокенхоф ја поздрави најавата на Владимир Путин за инсталирање интернет камери во сите 90 илјади избирачки места за претстојните претседателски избори, со што би се оневозможил „изборниот туризам“.

Пратеничките групи на сите германски партии се залагаат и за вистинска слобода на медиумите и за правото на демонстрации. Луѓето треба да бидат ослободени од стравот дека излегувањето на следните големи најавени протести на 24 декември ќе им предизвика проблеми на работното место, на факултет или во приватниот живот.

Според германските пратеници, апсурдно е обвинувањето на Путин во неговиот телевизиски говор дека за демонстрациите се виновни луѓе од странство.

Пратениците се изјаснија за што поскоро олеснување на визниот режим меѓу Русија и Германија. Русија треба да биде стабилен пријателски сосед, побараа тие.

Автор: Бернд Греслер/ Ж.Ацеска

Редактор: Симе Недевски