1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Подарок“ за пријателот на Путин

БГ
9 март 2022

Италијанскиот десничар Матео Салвини не го доби посакуваното добредојде на полско-украинската граница. Доби подарок со ликот на рускиот претседател Путин и му беше порачано дека „не е почитуван“.

https://p.dw.com/p/48F6e

„Подарок“ за пријателот на Путин

Градоначалникот на полскиот град Пшемишл на границата со Украина во вторникот на прес-конференција им се заблагодари на италијанските граѓани и организации кои помагаат во справувањето со бегалската криза од Украина. Но, Војчих Бакун немаше ништо добро да му каже на италијанскиот десничар Матео Салвини кој долги години го поддржува рускиот претседател Владимир Путин и често ги споделува неговите ставови.

Наместо добредојде, Салвини од Бакун доби маичка со ликот на Путин и притоа му беше порачано дека за него нема „никаква почит“.

„Имам тука подарок кој сакам заеднички да го однесеме кај бегалците на границата, господине сенатор, за да видат што направи вашиот пријател Путин. Да видат каков човек ви е пријател, што им направи тој човек на овие луѓе“, му порача Бакун на гостинот од Италија.

Матео Салвини Москва
Матео Салвини во Москва во 2016 годинаФотографија: Ivan Sekretarev/AP/picture alliance

Салвини се заврте и си замина од прес-конференцијата, неуспешно обидувајќи се да објасни дека се залага за мир и дека сака да им помогне на бегалците.

Салвини беше сликан со иста таква маичка во 2014 година при посетата на Црвениот плоштад во Москва.

„Подарок“ за пријателот на Путин