1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Погребани жртвите од трагедијата во Џенова

СН/ агенции
18 август 2018

Во Италија денеска се одржа државен погреб за поголемиот број жртви кои настрадаа во уривањето на мостот во Џенова. Бројот на загинати пак порасна на 41.

https://p.dw.com/p/33MKs
Italien Genua | Einsturz Autobahnbrücke Morandi l Trauerfeier
Фотографија: Reuters/S. Rellandini

Загинатите во уривањето на надвозникот во Џенова, беа погребани во тој италијански град во присуство на највисоки државни функционери и бројни граѓани. Претседателот на Италија Серџо Матарела кратко поразговара со членовите на семејствата на жртвите, а присутни на погребот беа и премиерот Џузепе Конте, лидерите на владејачките партии, Луиџи ди Мајо и Матео Салвини, како и повеќе министри.

Семејствата на некои од жртвите одлучија да не учествуваат на церемонијата Некои од нив наведоа дека сакаат да ги погребаат своите најблиски во поинтимна атмосфера, додека пак други наведоа дека ја бојкотираат церемонијата. таткото на една од жртвите, истакна дека неговиот син е „убиен“ и за одговорна ја означи државата. 

Italien Genua Trauerfeier
Фотографија: DW/E. Schumacher

Повеќе:

-Лекциите од Италија: приватни или државни автопатишта?

-Зошто падна мостот во Џенова?

-Колку се безбедни мостовите во Македонија?

Од настраданите се простија и фудбалските тимови Сампдорија и Џенова, кои исто така нема да ги играат натпреварите од првото коло на Серија А за време на викендот. Играчите на останатите тимови пак мечевите ќе ги започна со минута молчење и ќе носат црни ленти на ракавите. Денеска во Италија прогласен е ден на жалост за жртвите во катастрофата на вијадуктот на автопатот А10 во Џенова. 

Размерите на катастрофата во Џенова

Инаку, според италијанските медиуми, спасувачките екипи ги пронашле речиси сите жртви од катастрофата. Синоќа, имено, биле пронајдени 3 лица под урнатините на мостот Моранди. Како што објави агенцијата АНСА,  пожарникарите потврдиле дека пронашле тела на деветгодишно девојче и нејзините родители во „целосно уништен автомобил“ со кој патувале.  Градоначалникот на Џенова, Клементе Мастела, во петокот нареди затворање на друг мост дизајниран од истиот архитект како и мостот кој се урна, со образложение оти за корисниците на надвозникот е подобро „да имаат непријатност отколку проблем“.