1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Повторно размена на оган во Кашмир

СН/ агенции
2 март 2019

И покрај чекорите за деескалација во конфликтот во Кашмир, Пакистан и Индија, и денеска разменија оган на нивната граница во регионот на Хималаите. Се јавува за загинати војници и цивили.

https://p.dw.com/p/3EMFZ
Indien Kaschmir Soldaten in Srinagar
Фотографија: picture-alliance/AA/F. Khan

Во последното гранатирање на  Пакистан од страна на индиската војска загинале двајца пакистански војници, соопшти армијата на оваа земја. Воздухопловните сили и морнарицата остануваат во состојба на зголемена готовност. Индиската војска пак објави дека Пакистан истрелал гранати од минофрлачи.

Утрината двете страни исто така јавија за меѓусебни гранатирања по должина на нестабилната граница во Кашмир, во загинале најмалку 4 цивили додека 4 се провредени.  Според индиските наводи, во пакистанското гранатирање на едно село во Индија загинала една жена со две деца. Пакистан тврди дека индиски војници „неселективно гранатирале погранични села“ со тешко вооружување и убиле едно момче.

Pakistan Auslieferung des Pilots Abhinandan Varthaman nach Indien
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/K.M. Chaudary

Официјални лица од двете земји за најновите конфликти користеа вообичаен речник, велејќи дека нивните војници „соодветно“ одговориле и ја обинуваат другата страна за кршење на договорот за прекин на огонот од 2003 година „без причина“ на повеќе места по должина на нестабилната граница во Кашмир, гранатирајќи воени позиции, како и села.

Повеќе:

-Индија-Пакистан: Повеќе од проблематични односи

-Пакистан собори индиски борбени авиони

Тензиите се во постојан пораст откако во вторникот идниски авиони влегоа во Пакистан и изведоа, како што наведува Њу Делхи, превентивни удари на есктремистите обвинети за самоубинствен напад на 14 февруари во индискиот дел на Кашмир, кога се убиени 40 индиски војници. Индија тврди оти Пакистан ги поддржува таквите групи во нападите.

190227 Infografk Kashmir Conflict EN

Пакистан возврати со оган и во средата сруши еден индиски авион МиГ-21 и го зароби пилотот, кој вчера е вратен во Индија како мировен гест.

Овонеделното насилство е најсериозна ескалација во регионот од 1999 година, кога Пакистан испрати војници во индискиот дел во Кашмир. Исто така, оваа година еден индиски авион ловец собори авион на морнарицата, а во него загинаа сите 16 луѓе.