1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Транспорт на двајца повредени во автобуската несреќа

ЖА | МИА
27 ноември 2021

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од софиската болница „Пирогов“ и ќе бидат лекувани во македонски болници, деновиве ќе бидат пренесени и останатите преживеани од автобуската несреќа

https://p.dw.com/p/43Z4I
Bulgarien Corona-Pandemie Krankenhaus
Фотографија: BGNES

Отпуштените пациенти од софиската болница „Пирогов“ биле стабили и во добра општа состојба. Тие ќе бидат преземени за натамошно набљудување во медицинските установи во Северна Македонија. Д-р Анастасија Викторова од Клиниката за изгореници и пластична хирургија при НУ болница „Пирогов" ги предаде пациентите на медицински екипи од Република Северна Македонија.

И другите четворица повредени во несреќата се во добра општа состојба. Седмиот пациент, кој претходно беше опериран на Клиниката за ортопедија и трауматологија, а подоцна и на Клиниката за неврохирургија, е во стабилна состојба, непроменета од вчера.

Трагедија на автопатот „Струма“

Според најавите, уште двајца од повредените патници ќе бидат отпуштени од болницата утре, двајца на 30 ноември, а еден на 1 декември.

Во  сообраќајната несреќа  што се случи рано изутрината на 23 ноември на автопатот „Струма“, загинаа 45 лица, а седуммина се повредени. Според бугарските истражители,  жртвите починале од задушување откако автобусот се запалил, а најверојатна причина за несреќата е човечка грешка.