1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Повеќе од 100 заразени со Ковид-19 на миса во Франкфурт

БГ /РТР
24 мај 2020

Германските власти се обидуваат да ги пронајдат сите кои присуствувале на црковна миса во Франкфурт овој месец, откако 107 лица имаа позитивен тест на коронавирусот.

https://p.dw.com/p/3chh3
Coronavirus - Baptisten-Gemeinde Frankfurt am Main
Баптистичката црква во Франкфурт каде се појавила заразатаФотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler

На црквите во покраината Хесен, каде е и Франкфурт, им беше дозволено да држат миси од 1 мај годинава доколку се почитуваат ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот како социјална дистанца и носење маски.

„Оваа ситуација покажува колку е важно да останеме будни и да не стануваме безгрижни, особено сега при намалувањето на ограничувањата. Вирусот е се уште тука и ќе се шири“, изјави министерот за здравство на Хесен, Кај Клозе. Тој рече дека властите се обидуваат да ги идентификуваат сите кои присуствувале на мисата во Баптистичката црква во Франкфурт на 10 мај, за да се спречи ширење на заразата.
Се уште не е јасно дали сите 107 заразени со вирусот присуствувале на мисата, или пак бројката ги вклучува луѓето кои биле инфицирани од оние кои биле таму.

Бројот на потврдени случаи со коронавирус во Германија се искачи на 178,281; а вкупниот број на жртви досега е 8,247.

Борбата против Ковид-19 во германските болници

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема