Криминал
Жртви и повредени во напад со лак и стрели во Норвешка
13 октомври 2021Реклама
Лице вооружено со лак и стрела напаѓало луѓе на повеќе локации во норвешкиот град Конгсбер.
„Можеме да потврдиме дека неколку лица се повредени и за жал неколкумина убиени во оваа епизода“, изјави шефот на локалната полицијата Овинд Ас на прес-конференција.
„Лицето одговорно за ова злосторство е уапсено од полицијата и, според нашите информации, само едно лице било вмешано во нападот“.
Мотивот за нападите кои биле изведени на неколку локации во центарот на градот досега не е познат.
Полицијата одбива засега да соопшти точен број на загинати и повредени во нападот.