1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Повеќе „био“ во време на корона

Маркус Бениш
2 јули 2020

Имањето повеќе време за готвење и лошите вести од браншата на конвенционално одгледување животни ѝ донесоа повеќе муштерии на био-браншата. Стопанската гранка био-месо пријавува зголемени приходи во последните месеци.

https://p.dw.com/p/3egKb
Symbolbild | rotes Fleisch
Фотографија: Colourbox

Кравите на фармерот Хубертус Хартман пасат на отворено. Добро им е и на животните и на стопанот.

„Во последно време има голема побарувачка од муштериите. Сосема сум задоволен како сега одат работите“, вели тој.

И на свињите на Хартман им е подобро отколку оние во браншата на масовно одгледување животни. Голем дел од месото оди на преработка во кланицата на здружението во Рурската област. Здружените, околу сто, фармери неделно доставуваат 25 говеда и 300 свињи. 40 вработени во кланицата го преработуваат месото. Тоа е само трунка од она што го има конкуренцијата во конвенционалните кланици. „Био“ е подобро за животните и, барем тука, и за вработените. 

 

Зошто е тоа така, погледнете во видеото:

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи