1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По банкротот - нов почеток

2 јуни 2009

„Џенерал моторс“ има долгови во висина од 27 милијарди долари. Според планот за санација, во иднина 60 проценти од концернот ќе и‘ припаѓаат на државата. Од 1925 година „ЏМ“ беше едно од најважните претпријатија во САД.

https://p.dw.com/p/I1or
Централата на концернот „Џенерал моторс“Фотографија: AP

„Џенерал моторс“ пријави банкрот во судот во Њујорк. Тој е сега надлежен да ја спроведе најголемата постапка за инсолвентност на сите времиња во САД, да посредува во процесот на порамнување меѓу доверителите и „Џенерал моторс“ и да го следи гигантскиот процес на преструктуирање.

Подготовките се спроведени во изминатите денови. Така на пример, најдено е решение за повеќе од половината доверители. Тие ќе се откажат од дел од нивните барања и за тоа ќе добијат десет проценти од новиот „Џенерал моторс“ како и гаранции за натамошен удел во него. Дополнително, новиот тарифен договор со синдикатот на американските работници треба да донесе годишни заштеди во висина од 1,3 милијарди долари.

General Motors GM-Händler
Ќе бидат затворени 11 фабрики на „ЏМ“Фотографија: AP

Без државата нема спас

Но, без поддршка на американската влада, „Џенерал моторс“ не може да се спаси. Претседателот Барак Обама вчера во обраќањето до нацијата најде оптимистички зборови: „Уверен сум дека овој чекор ќе одбележи крај на стариот ’ЏМ’ и ќе го означи почетокот на нов ’ЏМ’. Новиот ’Џенерал моторс’ ќе може да произведува автомобили на утрешнината со висок квалитет, сигурни и економични, и да ја води Америка напред кон енергетски независна иднина и тоа е уште еден симбол на американскиот успех.“

Долгот ќе биде вратен за пет години?

Владата веќе му одобри на претпријатието кредити во висина од 20 милијарди долари, а ќе додаде и дополнителни 30 милијарди. За возврат ќе го има мнозинскиот удел во новото претпријатие, со што фактички претпријатието е подржавено. Претседателот Обама преку неговиот портпарол објави дека владата нема да се меша директно во работата на концернот. Владата смета дека „Џенерал моторс“ за пет години би можел да ги врати кредитите. Скептиците, пак, критикуваат дека дел од парите од данок се загубени за секогаш.

General Motor rast auf Insolvenz zu
„ЏМ“ оди во насока на подобрување, вели американскиот претседател ОбамаФотографија: dpa

20 илјади луѓе ќе останат без работа

Според планот, затворени ќе бидат 11 фабрики на производителот на автомобили. Само во САД, 20 илјади луѓе ќе останат без работа. Планирано е од некогашните осум, да преостанат само уште четири марки: Бјуик, стопански возила, Шевролет и Кадилак. Понтијак веќе нема да се произведува, марката СААБ, доколу е можно, ќе биде продадена, а во „Опел, „ЏМ“ ќе има една третина учество.

Американскиот производител на автомобили „Крајслер“, пак, е чекор понапред, откако судот даде зелено светло голем дел од претпријатието да му биде продаден на „Фиат“. По оваа одлука, можно е скорешно завршување на процесот на инсолветност на „Крајслер“.


Автор: Ридигер Паулерт / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска