1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Германската полиција го откри можниот убиец на Медлин Меккен

БГ/ ДПА
3 јуни 2020

Германската полиција идентификувала нов осомничен во случајот со исчезнатото британско девојче Медлин Меккен од 2007 година. Сомнежот е дека 43-годишен германски државјанин ја убил.

https://p.dw.com/p/3dDfG
Madeleine McCann in Portugal vermisst
Фотографија: picture-alliance/dpa/Brainpix/Itspress/Pacoeden

Повеќе од 13 години по исчезнувањето од Португалија, германската полиција откри нова трага за, тогаш, тригодишната Медлин Меккен.

„Во врска со исчезнувањето на тогаш тригодишната Медлин Бет Меккен, јавниот обвинител во Брауншвајг истражува 43-годишен германски државјани под сомнеж за убиство“, соопшти полицијата.

На 3 мај 2007 година, неколку дена пред нејзиниот четврти роденден, „Меди“ исчезна од семејниот апартман во градот Алгарве во Португалија, додека нејзините родители вечерале во блискиот ресторан. Исчезнувањето предизвика една од најголемите потраги во последните години. И покрај бројните осомничени и различните теории за она што се случило, никој не беше осуден за нејзиното исчезнување.

Осомничениот, кој не е именуван од полицијата, во моментов служи долга затворска казна, а претходно бил осудуван за сексуална злоупотреба на деца. Тој живеел во Алгарве во периодот од 1995 до 2007 година, а полицијата трага по две возила и два мобилни телефони кои ги поседувал осомничениот.

Португалската полиција ја затвори истрагата за случајот во 2008 година по 14 месеци, додека британската полиција отвори истрага во јули 2013, но не успеа да открие нови докази.