Децата со дарба се деца кои имаат специјални потреби, а училиштата треба да им создадат шанси за да се развиваат, бара осмодделенецот Виктор, кој со Сара и Лука освои куп медали на глобалниот натпревар во дебатирање и општи знаења „World Scholar’s Cup“ во Дубаи. Ова е приказна за децата од основното училиште „Јохан Хајнрих - Песталоци“ кои имаат големи амбиции.