1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пеколна ноќ во Хамбург

ЕМФ /агенции
8 јули 2017

Стотици левичарски екстремисти ноќеска беснееја на улиците на Хамбург. Има голем број уапсени. Повредени се над 200 полицајци.

https://p.dw.com/p/2gBd3
Hamburg G20 Gipfel - Proteste
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Scholz

Анархијата во Хамбург го засени самитот на Г20. Стотици левичарски екстремисти во текот на ноќта беснееја на улиците на градот. Тие палеа барикади, ограбуваа продавници, гаѓаа полицајци со камења...

За смирување на состојбата мораа да се вклучат и специјални сили на полицијата. Беа употребени водени топови, солзавец и палки. Според полициски извори, повредени се 213 полицајци, од кои 11 тешко. Уапсени се десетици демонстранти. Состојбата се смири дури во утринските часови.

Анархијата го засени самитот на Г20