1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Паул претскажа кој ќе биде светски првак

9 јули 2010

Германија ќе го заврши ФИФА-СП во ЈАР на третата позиција - предвиде октоподот Паул, околу чија „моќ“ за претскажување веќе се крена хистерија во Европа. Кој ќе биде првак?

https://p.dw.com/p/OFG2
Фотографија: AP

Пренос во живо на телевизиите и 120 набљудувачи од цел свет - хистеријата околу претскажувачот Паул, кој верувале или не, е октопод, денеска (09.07.2010) достигна врв. А, Паул, чие научно име е октопус вилгарис, својата работа си ја заврши со рутина на медиумски професионалец. По долго размислување, Паул во 11:12 часот претскажа дека Германија ќе го победи Уругвај во натпреварот за третото место. Што се однесува со финалниот натпревар, октоподот по 45 минути, без двоумење се упати до садот со школки со шпанско знаме, што значи Шпанија ќе биде нов светски првак.

Бастијан Шеперс, менаџер на целата операција на претскажување што се одвива во „Силајф аквариумот“, во Оберхаузен, вели дека стравувал од тоа дали за толку кратко време Паул ќе успее да го даде и вториот тип, зашто октоподот, практично, цел ден јаде по само три школки.

Paul das Orakel wählt immer den rechten Behälter Deutschland Uruguay
Фотографија: AP

Октоподот заминува во заслужена пензија

Пол досега ги погаѓаше брз грешка исходите од натпреварите на германската репрезентација. Поради неговото предвидување дека Германија ќе загуби од Шпанија, на интернет-форумите се бараше негова ликвидација. Затоа и шпанскиот премиер Хозе Луис Запатеро по натпреварот во полуфиналето, изјави: „Мислам дека ќе му испратам телохранител“.

Бастијан Шеперс најавува дека Паул по ова првенство заминува во пензија. „Со старот од двеипол години, тој е веќе старец. Овие животни живеат во просек по три години. Веќе нема да го доживее Европското првенство за две години, можеби само уште неколку Бундеслига-натпревари“, вели Шеперс.

Автор: ЕМФ/ЖА/сид

Редактор: Симе Недевски