1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парфем кој вечно мириса

Катја Лирш/ Александра Трајковска 17 мај 2013

Парфемот „Шанел број 5“ постои веќе 92 години, но до денес нема изгубено од својата фасцинантност. Неговата посебност сега се документира и преку изложба во Париз: со лични и историски документи.

https://p.dw.com/p/18XJF
Фотографија: picture-alliance/ dpa

Изложба во чест на еден парфем - тоа и во Париз е премиера. На еден вернисаж во хотелот Пале де Токио се среќаваат познати личности, меѓу нив и француската актерка Одри Тaту. Таа во 2009 година можеше да се види во една рекламна кампања. „Многу ме радуваше да придонесам со еден многу мал дел за историјата на ’Шанел 5’. За мене беше голема чест да бидема амбасадорка на еден парфем“.

Во 80-тите години француската актерка Карол Буке неколку години беше лицето на овој познат мирис. „Кога тогаш патував по светот секогаш велев: Во Франција има багет, колбас и ’Шанел 5’. Имено луѓето ја имаат оваа слика за Франција. ’Шанел 5’ е симбол и за една одредена форма на женственост. Таквата жена со текот на годините постојано одново се интерпретира.“

1937 година Габриел Шанел, наречена Коко самата го претставуваше парфемот. Мирисот го креираше со стручњакот за парфеми Ернест Бо уште во 1921 година.

Frankreich Mode Coco Chanel
Легендарната Коко ШанелФотографија: AP

Кураторот Жан Луи Фромо објасува како дојде до изложбата. „Овој парфем не одговара на типичните меркентишки стратегии на луксузните марки. Габриел Шанел мирисот и флаконот не ги креираше од едноставни комерцијални причини. Приказната за тоа како е создаден овој парфем е тајна. И мислам дека е интересно оваа приказна да се раскаже преку изложба“.

Голем број документи го покажуваат историското и личното опкружување кога беше создаден „Шанел број 5“. Парфем кој Коко Шанел првично го креираше за себе по смртта на нејзината голема љубов Бој Капел. Се дознава, какво влијание имала Коко Шанел како стилска икона. Видлива станува и нејзината врска со уметници како Жан Кокто и Пабло Пикасо или шпанскиот сликар Салвадор Дали.

Посетителите на изложбата имаат пристап и до приватниот живот на оваа модна креаторка. „Мене многу ме допира оваа изложба. Сите овие приватни парчиња, писма и песни, кои ги документираат нејзините пријателства. Мене ми станува јасно дека таа, Коко Шанел уште во млади години инспирирала други луѓе. Една биста беше создадена кога таа имаше 38 години, и тоа сметам дека е многу впечатливо“, вели актерката Венеса Паради.

Vanessa Paradis
Актерката ПарадиФотографија: AP

Неразделиво со историјата на „Шанел 5“ е поврзана и холивудската ѕвезда Мерлин Монро и  уметничките дела на Енди Ворхол од 1985 година.

Во вториот дел од изложбата станува збор за самиот мирис. Експертот за парфеми во „Шанел“ Кристофер Шелдрејк сака да и дозволи на публиката активно да учествува во создавањето на тогаш револуционерниот парфем

„Всушност еден парфем неможе да се сфати - еден парфем за мене е емоција, чувство. Сепак сакаме да им покажеме на луѓето од што се состои ’Шанел пет’, од каде доаѓаат состојките, и пред се како мирисаат. Секоја мирисна нота би требало да ги испрати на патување.“

Најдобро на патување во јужно-фрнацускиот град Грас, каде секоја година за овој парфем се собираат цветовите од јасмин и мајски рози. „Шанел пет“ се’уште е еден од најмногу продаваните парфеми во светот. И покрај тоа експертот за парфеми Кристофер Шелдрејк во 2008 година креираше модерна верзија на класичниот парфем. „’Шанел 5’ се смета за безвремен и ние се разбира сакаме така да остане и во иднина. Тоа осоебно ја отежнува нашата секојднева работа. Имено секогаш се обидуваме да влеземе во главите на Габриел Шанел и Ернес Бо“.

Со легендарниот парфем се развиваат исто и рекламните кампањи. Бред Пит од 2012 година е првиот маж кој го рекламира мирисот.

„Шанел број 5“ - и по 92 години откако беше креиран парфемот не загуби ниту дел од својата фасцинантност.