1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Можел ли училишниот полицаец да го спречи масакрот?

СН/ агенции
23 февруари 2018

Крвопролевањето во Паркланд можеби можело да биде спречено или барем да заврши помалку страшно. Вооружен училишен полицаец се наоѓал на лице место, но не реагирал.

https://p.dw.com/p/2tCj5
Florida, Schüler werden von der Marjory Stoneman Douglas High School während einer Schießerei in Parkland evakuiert
Фотографија: Reuters

Локалниот шериф на областа Бровард, Скот Израел изјави оти вооружениот училишен полицаец во гимназијата во Флорида не реагирал за време на нападот во кој беа убиени 17 ученици од училиштето. Израел рече дека вооружениот полицаец за време на нападот стоел пред училиштето и не влегол во зградата. Тоа го покажуваат снимките на камерите за надзор, како и изјавите на очевидци.

„Ужаснат сум и тешко ми е. Тој не влегол.“, рече локалниот шериф. Според неговите зборови, полицаецот прво бил суспендиран, а потоа самиот дал отказ.

Повеќе:

-Трамп може да си замисли вооружени наставници

-Трамп сака да ги забрани додатоците за рафална стрелба

-САД: Бунт на жртвите

USA High School Shooting Florida
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Mike Stocker

Најмалку 17 лица  беа убиени во гимназијата во Паркланд, во нападот кој го изврши 19-годишен поранешен ученик во тоа училиште. Осомничениот Николас Круз на социјалните мрежи, како што е речено, објавувал пораки со многу „загрижувачка содржина“.

Круз нападот го изврши со полуавтоматска пушка АР-15.

Нападот се случи во време кога се завршуваат часовите во средното училиште Марџори Стоунмен Даглас во Паркланд, на источниот брег на Флорида меѓу Бок Ратон и Форт Лодердејл. Во училиштето учат околу 2000 ученици.

Читајте не и преку апликацијата на ДВ за андроид