1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Париз во пошумувачка офанзива

СН/агенции
16 октомври 2021

Властите во француската престолнина сака да ја подобрат климата во градот. Во иднина, дрва ќе се садат секаде, каде има простор за тоа. Станува збор за вкупно 170.000 стебла.

https://p.dw.com/p/41lhw
Дрворед на прочуениот булевар Шанзелизе во Париз. Вака според планот на властите до 2026 треба да изгледаат многу париски улици
Дрворед на прочуениот булевар Шанзелизе во Париз. Вака според планот на властите до 2026 треба да изгледаат многу париски улициФотографија: Frank Baumgart/picture alliance

Париз со години беше еден од градовите со прекумерно загадување на воздухот, па сега главниот град на Франција сака да ја подобри климата во градот со садење на 170.000 нови стебла. Дополнителни дрва ќе се посадат секаде каде што има место, низ улиците, на плоштадите, во парковите, но и покрај автопатот околу градот, објави градската управа. Цел е борбата против климатските промени.

Дрвата апсорбираат јаглерод диоксид, го подобруваат квалитетот на воздухот и придонесуваат до ладење на градот за време на летните топли бранови. Освен тоа, дрвото е природна препрека за бучавата и на визуелното загадување, со што ќе се подобри здравјето на Парижаните и ќе го намали стресот.

Париз веќе сега е еден од европските градови со најмногу дрва, нагласи градската управа. Во самиот град има околу 200.000 стебла, а уште 300.000 во урбаните шуми.

Повеќе:30 километри на час: Париз стапна на сопирачката

Дополнителните стебла би требало да бидат посадени до 2026 година. Во првата сезона на садење 2020-2021 веќе се посадени околу 14.000 млади стебла. За таа цел градот има сопствен расадник за дрва.

Од 2014 година Париз ја следи својата популација на дрва со помош на автоматизиран систем, секое стебло има своја дигитална лична карта и се прегледува годишно. Дрвата по должина на улиците во просек не се постари од 80 години.

Францускиот државен совет летово нагласи дека итно се потребни напори за подобрување на климата во Париз. Тој ја казни државата со милиони евра за прекумерно загадување на воздухот во неколку метрополи, вклучувајќи го и Париз.