Ги има двојно повеќе отколку што има луѓе во Париз. Но, овие жители господарат со подземјето. Се множат со неверојатна брзина и под земја им станува претесно, па сѐ почесто се осмелуваат да се замешаат меѓу сограѓаните горе на блескавите улици. Можеби незаслужено, но стаорците имаат лоша репутација, па некои Парижани се ужаснати од помислата дека тие би можеле да станат еден од симболите на градот